Muhammed Bilal Kenasari
27 Октомври 2016•Ажурирај: 27 Октомври 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар Џон Кери го повика американскиот Конгрес да го одобри Трансатлантскиот договор за трговија (ТТИП), јавува Anadolu Agency (AA).
Кери во Чикаго говореше за договорот со кој би се укинале границите меѓу 12 држави на брегот на Пацификот.
„Доколку Конгресот го одбие договорот, тоа ќе биде голема штета што самите ќе си ја нанесеме и нема да им користи на нашите регионални интереси“, истакна Кери.
Тој рече дека неспроведувањето на договорот ќе ѝ наштети на американската економија.
„Направете ја вистинската работа, одобрете го договорот за Трансатлантска трговија“, повика Кери.
Членките на договорот чии преговори започнаа во 2008 година, се САД, Канада, Јапонија, Австралија, Брунеите, Малезија, Нов Зеланд, Виетнам, Мексико, Сингапур, Перу и Чиле.
За договорот да стапи на сила, треба да го одобри американскиот Конгрес и парламентите на 11-те останати земји.