Amina Zorniç
02 Јуни 2016•Ажурирај: 03 Јуни 2016
ПЕКИНГ (АА) - На саемот за играчки во близина на Шангај, момче несакајќи ја урна Лего скулптурата во вредност од 15.000 доалари, јавува Anadolu Agency (AA).
Момчето ѝ се приближило на скулптурата лисецот Ник, од најновиот Дизни анимиран филм "Zootopia", за да направи фотографија за спомен. Тој ја преминал безбедносната лента и застанал до скулптурата која се срушила.
Скулптурата беше висока 1,8 метри и се состоеше од 100.000 коцки. Си-Ен-Ен вели дека уметникот Жао три дена работел за да ја состави скулптурата.
Родителите на момчето му упатија извинување и надоместок, но уметникот одбивајќи ги рекол дека тоа е „несреќен случај”.
Тој додаде дека момчето не може да ја разбере вредноста на овaa скулптура и дека одговорноста ќе ја сноси Центарот каде што била изложена скулптурата.