Zekeriya el-Kemali,Gülşen Topçu
02 Јуни 2016•Ажурирај: 03 Јуни 2016
КУВАЈТ (АА) – Специјалниот претставник за Јемен во Обeдинетите Нации (ОН), Исмаил Вилд Шејх Ахмед, назначи дека не треба да се дозволи затворениците и притворените лица да бидат предмет на политичко пазарење, прашање кое претставува една од главните точки во преговорите за Јемен, кои се одвиваат во Кувајт, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради наближување на месецот Рамазан, во писменото соопштение на Шејх Ахмед се вели дека притворените лица треба да бидат пуштени дома кај своите семејства, и апелира дека нивното досие не треба да биде исполитизирано.
„Ова, пред сè претставува човечко прашање. Темата по ова прашање не смее да биде основа за политичко пазарење, и притворените треба да се вратат назад во своите домови“, е дел од апелот во кој Ахмед ги повикува затекнатите страни и одговорните лица да го поддржат мировниот процес и да ги ослободат притворените лица.
Ахмед пренесе дека вчера во градот Таиз, по сопствена иницијатива на групите заедно со Хусите, за поддршка на владата беше извршена размена на 35-мина од притворените лица, и тој се надева дека сите затвореници и притворени ќе бидат пуштени на слобода.
Хусите се согласиле со владината делегација за меѓусебно информирање на секои три дена во однос на луѓето држени во притвор, се вели во соопштението на Ахмед.
Комитетот за затвореници и притворени лица, основан во рамките на преговорите, вчера не успеа да го обезбеди потпишувањето на конечниот договор за ослободување на стотици притворени лица.
Завојуваните страни во Јемен, по иницијатива на ОН, како знак на добра волја, на 11-ти април воведоа прекин на огнот, додека на 21-ви април во Кувајт отпочнаа мировните преговори. На 14-ти мај започна состанок на кој заседаваа комисиите за хуманитарни, политички и безбедносни прашања, кои се дел од Комитетот за притворени лица и затвореници, основан во опсегот на отпочнатите преговори.