Associated Press
29 Декември 2021•Ажурирај: 30 Декември 2021
ПЕКИНГ
Кина ги повика САД да ја заштитат кинеската вселенска станица и нејзиниот тричлен екипаж, откако Пекинг се пожали дека сателитите кои ги лансирал „Спејс икс“ на Илон Маск за малку удриле во станицата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина го обвини Вашингтон дека ги игнорира своите обврски од договорот да обезбеди заштита на тричлениот екипаж на станицата „Тиангонг“ по инцидентот на 1 јули и 21 октомври.
„Тиангонг“ спроведе „маневри за избегнување“ за да „спречи потенцијален судир“ со сателитите „Старлинк“ лансирани од „Спејс експлорејшн технолоџис“, според жалбата поднесена од кинеските власти на 6 декември до Комитетот на Обединетите нации за мирно користење на вселената.
„САД би требало да преземат итни мерки за да обезбедат ваквите инциденти да не се случуваат“, изјави портпаролот Жао Лиџијан.
Жао го обвини Вашингон дека не ги исполнил своите обврски да ја заштити безбедноста на астронаутите според договорот од 1967 година за мирно користење на вселената.
Американската амбасада во Пекинг сѐ уште не се огласи по повод наводите.