Fuat Kabakcı
10 Мај 2019•Ажурирај: 13 Мај 2019
ПЕКИНГ (АА) - Министерството за трговија на Кина соопшти дека ќе бидат преземени потребните мерки во однос на одлуката на САД за зголемување на даночната стапка од 10 проценти на 25 проценти за производите со потекло од Кина во вредност од 200 милијарди долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во писмената изјава од Министерството, потсетувајќи на тоа дека царинската тарифа на САД стапила на сила, се истакнува: „Длабоко жалиме за тоа. Ќе мораме да ги преземеме потребните мерки како одговор на тоа“.
Во соопштението се наведува дека трговските преговори меѓу САД и Кина продолжуваат по 11. пат и се истакнува надежта дека двете страни проблемите ќе ги решаваат со меѓусебна соработка и метода на преговори.
Од друга страна, одлуката на САД за зголемување на стапката од 10 отсто на 25 отсто објавена минатата недела, стапи на сила денес. Трговската војна меѓу двете земји трае веќе една година, а бројот на состаноци за решавање на проблемите се зголеми на 11.
И покрај тоа што највисоките дипломати од двете страни преговараат во Вашингтон и Пекинг, сè уште нема некои значајни резултати од трговските преговори. За последниот состанок делегација од Кина предводена од вицепремиерот Лиу Хи, вчера замина во американскиот град Вашингтон.
Лиу, во изјавата дадена во Вашингтон истакнувајќи дека со сета своја искреност стигнал во САД, нагласи: „Даночните стапки нема да ги оштетат само двете земји, туку сите“.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, минатата недела на Твитер напиша дека за производите од кинеско потекло во вредност од 200 милијарди долари царинската стапка од 10 проценти ќе се зголеми на 25 проценти.
„Кина 10 месеци за производите од висока технологија во вредност од 50 милијарди долари им плаќа царина од 25 проценти на САД, додека за производите во вредност од 200 милијарди долари царина од 10 проценти“, напиша Трамп.
Трамп и кинескиот претседател, Ши Џинпинг, се состанаа на Самитот на лидерите на Г-20 одржан во Буенос Аирес во Аргентина на 1 декември, и се договорија за 90-дневен „прекин на огнот“, што ќе го спречи растот на царините во трговската војна која се води помеѓу двете земји еден период.