Vesna Besiç
17 Февруари 2018•Ажурирај: 18 Февруари 2018
ЊУЈОРК (АА) - Во кинескиот кварт во американскиот Њујорк е одбележана кинеската Нова година, јавува Anadolu Agency (AA).
Традиционалната парада е одбележана со парада, костими и пиротехника. Новата 2018 година според кинеската традиција е година на кучињата, дванаесето по ред животно во кинескиот хороскоп. Кинезите веруват дека доаѓањето на песот во куќата симболизира доаѓање на среќа па затоа веруваат дека и оваа година ќе донесе многу добри работи.
Годината на кучињата ќе биде добро време за некои важни промени на стилот на живот, преселба или промена на работата, вели кинескиот хороскоп.
Кинеската нова година во 2018 годија започнува на 16 февруари и е година на кучињата. Одбележувањето на новата година трае две недели и обично е пропратено со голема количина на пиротехника, голем број на паради и костими.