Ekip
19 Мај 2017•Ажурирај: 20 Мај 2017
ЊУЈОРК (АА) - Човекот што вчера управувајќи со возило удри во пешаци на тротоар, во еден од најфреквентните делови на Њујорк, беше обвинет за убиство и обид за убиство, јавува Anadolu Agency (AA).
Од полицијата во Њујорк велат дека 26-годишниот Ричард Рохас од Бронкс, вчеравечер беше обвинет за убиство од втор степен, 20 обиди за убиство и тешко убиство во сообраќај.
Понатаму се наведува дека Рохас со автомобилот возел три блока преку Тајмс Сквер, удирајќи во дваесет луѓе пред челичната ограда да го сопре.
Во несреќата загина 18-годишен турист од Мичиген, додека неговата 13-годишна сестра е меѓу 24 повредени лица, меѓу кои четворица се во критична состојба.
Властите објавија дека Рохас служел во Маринскиот корпус на САД, но бил разрешен поради дисциплински прекршоци.