Nazir Aliyev Tayfur
01 Мај 2021•Ажурирај: 02 Мај 2021
БИШКЕК
Претседателот на Киргистан, Садир Џапаров, прогласи дводневна национална жалост, во спомен на загинатите во конфликтот што се случи на границата меѓу Киргистан и Таџикистан на 29 април, известува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата дадена во прес-центрот на Претседателството на Киргистан се наведува дека претседателот Џапаров ја одобри одлуката за прогласување дводневна национална жалост на 1 и 2 мај во спомен на загинатите во конфликтот.
Во вооружениот конфликт што се случи поради контролата на мрежата за дистрибуција на вода на границата меѓу Киргистан и Таџикистан, бројот на загинати од киргистанска страна изнесува 31, додека бројката на ранети е 134.
Министерството за вонредни ситуации на Киргистан објави дека од киргистанска страна избувнал пожар во 21 куќа, 10 бензински пумпи, едно училиште, 2 кафулиња, 8 продавници за храна, гранична станица, противпожарна станица.