Adham Kako
29 Декември 2018•Ажурирај: 30 Декември 2018
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (SNHR) информираше дека во нападите врз милитантите на ДЕАШ од страна на коалициските сили предводени од САД и терористичката организација ЈПГ/ПКК, убиени се 165 цивили со цел ДЕАШ да биде оддалечен од областа Деир ез-Зор, јавува Anadolu Agency (AA).
Сириската мрежа за човекови права објави извештај за нападите врз териториите окупирани од страна на ДЕАШ изведени од страна на коалициските сили и ЈПГ/ПКК за периодот од 101 ден, поточно, за периодот од 11 септември до 20 декември.
Во извештајот се наведува дека во бомбардирањата на местото Хеџин и околните места и села, животот го загубиле 153 цивили, од кои 71 дете и 29 жени, додека во нападите изведени од страна на терористичката ЈПГ/ПКК, загинале 12 цивили, од кои 3 деца.
- Под блокада 6.000 цивили
Во извештајот се вели дека под опсада се наоѓаат околу 6.000 цивили, откако центарот на Хеџин потпаднал под окупација на ЈПГ/ПКК, заедно со населението во местата Сусе, Пифе, Багоз, кои се во рацете на ДЕАШ, и со населението од селото Бахра во околината на Бухасан и подрачјето на Кешме, кои се под опсада на силите на режимот на Асад и терористите на ЈПГ/ПКК.
Во извештајот се вели дека ДЕАШ цивилите ги користи како жив штит, додека цивилите што се под опсада, се жртви на случајни напади од страна на ЈПГ/ПКК и од силите на режимот.