Safiye Karabacak
17 Јули 2017•Ажурирај: 18 Јули 2017
МАРИБ (АА) - Во епидемијата на колера во Јемен, од 27 април починаа 1.784 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на Светската здравствена организација (СЗО) се наведува дека од вчера починале 14 лица, додека вкупниот број на починатите од колера во 21 град во земјата се искачи на 1.784 лица.
Според ова соопштение, од 27 април се регистрирани 344.751 сомнителни случаи на заразени.
СЗО вчера соопшти дека бројот на починатите во епидемијата на колера е 1.770.
Три милиони луѓе во Јемен, раселени поради конфликтите коишто траат веќе две години, како резултат на немањето пристап до чиста вода и несобирањето на отпадот, секој ден се изложени на висок ризик да заболат од колера.