Zeynep Hilal Karyağdı
06 Септември 2017•Ажурирај: 06 Септември 2017
САНА (АА) - Од април досега, во епидемијата на колера во Јемен животот го загубија 2.054 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот објавен од страна на Светската здравствена организација (СЗО), од 27 април, во Јемен се регистрирани 618.209 случаи на колера, а починале најмалку 2.054 луѓе.
Во овој извештај се наведува дека колерата се проширила во 22, од вкупно 23 јеменски града, а досега најголем броој смртни случаи се забележани во градот Хаџа.
Три милиони луѓе во Јемен, раселени поради конфликтите коишто траат веќе две години, поради немањето пристап до чиста вода и несобирањето на отпадот, секој ден се изложени на висок ризик да заболат од колера.