ИСТАНБУЛ (АА)
- Емрах ОКТАЈ
За 10 дена почнува Европското фудбалско првенство 2024 (ЕВРО 2024), чиј домаќин е Германија, пишува Анадолу.
Европското фудбалско првенство ќе се игра во 10 града во Германија. Почетокот е закажан за петок, 14 јуни, со воведниот натпревар меѓу селекциите на Германија и Шкотска на стадионот „Алијанц арена“ во Минхен.
Натпреварите на ЕВРО 2024 ќе се играат во германските градови Берлин, Келн, Минхен, Франкфурт, Хамбург, Дортмунд, Лајпциг, Гелзенкирхен, Штутгарт и Дизелдорф.
Натпреварите од групната фаза на турнирот ќе завршат на 26 јуни, а средбите од осминафиналето ќе почнат на 29 јуни.

Четвртфиналните натпревари ќе се играат на 5-6 јули, а полуфиналните средби се закажани за 9-10 јули. Шампионот на ЕВРО 2024 ќе биде познат по одигрувањето на финалниот натпревар на Олимпискиот стадион во Берлин на 14 јули.
На ЕВРО 2024 ќе се одиграат вкупно 51 натпревар во текот на едномесечниот фудбалски фестивал во Германија.
Капацитети на стадионите на кои ќе се одржуваат првенствените натпревари се:
Алијанц арена, Минхен, 66.000
Олимписки стадион, Берлин, 71.000
Стадион БВБ Дортмунд, 62.000
Арена Штутгарт, 51.000
Арена Ауф Шалке, Гелзенкирхен, 50.000
Стадион Фолкспарк, Хамбург, 49.000
Арена Дизелдорф, 47.000
Арена Франкфурт, 47.000
Стадион Келн, 43.000
Стадион Лајпциг, 40.000
- Првите две репрезентации во групите и најдобрите четири третопласирани селекции од групите ќе се пласираат во осминафиналето
На ЕВРО 2024 учествуваат вкупно 24 селекции поделени во шест групи со по четири репрезентации.
Пласман во осминафиналето ќе обезбедат селекциите што во групната фаза ќе завршат на првите две места и најдобрите четири третопласирани селекции.
Почнувајќи од осминафиналето, ЕВРО 2024 преминува во натпреварување на елиминација во еден натпревар.
- Туркије е во групата Ф
Турската фудбалска репрезентација во групата Ф ќе ги одмери силите со селекциите на Португалија, Грузија и Чешка.
Турските репрезентативци првиот натпревар на ЕВРО 2024 го играат на 18 јуни во Дортмунд против сепекцијата на Грузија.
Втората средба од групната фаза репрезентацијата на Туркије ја игра против Португалија во Дортмунд на 22 јуни (сабота), а третиот натпревар против Чешка во Хамбург е закажан за 26 јуни (среда).
- Групи
Група А: Германија, Шкотска, Унгарија, Швајцарија
Група Б: Шпанија, Хрватска, Италија, Албанија
Група Ц: Словенија, Данска, Србија, Англија
Група Д: Полска, Холандија, Австрија, Франција
Група Е: Белгија, Словачка, Романија, Украина
Група Ф: Туркије, Грузија, Португалија, Чешка
- Вкупниот награден фонд на ЕВРО 2024 изнесува 331 милион евра
Вкупната парична награда што ќе им биде распределена на селекциите-учесници на ЕВРО 2024 година изнесува 331 милион евра.
На секоја репрезентација-учесник на Европското првенство ќе ѝ бидат исплатени 9.250.000 евра како котизација. За победа на секоја репрезентација дополнително ќе ѝ биде исплатен еден милион евра и 500.000 евра за нерешен резултат.
Со по 1,5 милиони евра ќе бидат наградени селекциите што ќе успеат да се квалификуваат во осминафиналето. По 2,5 милиони евра ќе добијат репрезентациите што ќе се пласираат во четвртфиналето, а по 4 милиони евра ќе добијат екипите што ќе изборат пласман во полуфиналето.
На европскиот шампионат ЕВРО 2024 ќе биде извршена и дополнителна исплата од 8 милиони евра. Шампионот на ЕВРО 2024 доколку победил на сите три натпревари во групната фаза, максималниот награден фонд што може да го добие ќе изнесува 28.250.000 евра.
На второпласираната селекција дополнително ќе ѝ бидат исплатени 5 милиони евра.
- Последен шампион селекцијата на Италија
Последен шампион на Европското фудбалско првенство беше Италија.
Италија во финалето на претходното европско првенство ЕВРО 2020 ја совлада селекцијата на Англија со резултат 3:2 по изведувањето на ударите од белата точка откако во регуларниот период од натпреварот и по одигрувањето на двете продолженија од по 15 минути средбата заврши без победник 1:1 и го однесе пехарот во својот музеј.
Италија, која по изведуваањето на пеналите извојува победа во финалниот натпревар што се одигра на 11 јули на стадионот „Вембли“ во Лондон, Англија, ја освои својата втора европска шампионска титула по 53 години.