Ekipa
30 Април 2017•Ажурирај: 30 Април 2017
САНА (АА) - Најмалку двајца војници загинаа, а тројца се ранети во експлозија на темпирана мина во северниот дел на Јемен, во близина на границата со Саудиска Арабија, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на јеменската војска, Абдула ал-Ашраф, соопшти дека војниците настрадале во експлозија на мина поставена од страна на непријателите на патот на кој минува воен конвој во пограничната покраина Ал Џавф.
Владата на Јемен го обвини шиитското бутновничко движење на Хусите за поставување на повеќе од 250.000 мини ширум земјата зафатена со војна.
Јемен е средиште на длабока политичка и безбедносна криза, која кон крајот на 2014 година ескалираше во граѓанска војна кога бунтовниците предводени од шиитското движење на Хусите го зазедоа главниот јеменски град Сана, а потоа и други региони.
Претседателот на Јемен, Абд Рабу Мансур Хади, и неговата влада побегнаа во Саудиска Арабија, а јужниот град Аден моментално е административен центар на меѓународно признатата јеменска влада. Судирите во Јемен додатно ексалираа во март минатата година кога Саудиска Арабија со своите арапски сојузници започна да извршува воздушни напади врз позициите на бунтовниците во Јемен.