Zylfije Adem Jakupi
11 Ноември 2020•Ажурирај: 12 Ноември 2020
ПРИШТИНА
Премиерот на Косово Авдула Хоти најави дека во петок во 19 часот стапуваат во сила новите строги мерки со цел заштита од ширењето на новиот тип на коронавирус (Ковид-19), кои предвидуваат и воведување на полициски час од 19 до 5 часот во 7 општини со најголем број на заразени лица во оваа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
На прес-конференцијата прениерот Хоти истакна дека последните денови на Косово во голем пораст е бројот на заразени со Ковид-19, како и бројот на смртни случаи. Хоти наведе дека бројот на тестирања е тројно зголем, а на дневно ниво имало и случаи кога секое трето лице било позитивно на тестот.
Премиерот истакна дека, имајќи ги предвид капацитетите на косовската здравствена заштита, донесена е одлука што побрзо да се запрат ваквиот тренд, со цел здравствените работници да можат поефикасно да ја вршат својата работа и да им обезбедат здравствена заштита на болните. Според предложените мерки, општините се поделени во три зони, зелена, жолта и црвена во зависност од бројот на заразени на 100.000 жители во текот на една недела.
Најголем ризик претставуваат општините од црвената зона, кои надминуваат 150 заразени лица во текот на една недела, а тоа се седумте општини Приштина, Подуево, Ѓаковица, Урошевац, Пеќ, Гнилане и Јужна Митровица. Хоти рече дека во тие општини, повеќето од половината на населението и економските оператори се на нивото на целата земја.
„Овозможуваме економски активности до 19 часот, во согласност со Прирачникот за Ковид-19. Во 19 часот завршува секоја економска активност и се воведува целосно ограничување на движењето на граѓаните во наведените општини. Практично, полицискиот час започнува во 19 часот, а како второ, се забранува влез и излез во тие општини од 19 до 5 часот наутро“, рече Хоти.
Тој наведе дека во општините кои се наоѓаат во зелената зона, каде за една недела се заразени 75 лица, дозволена е работа на економски субјекти, како и на трговските центри, хотелите и угостителство од 5 до 20 часот. Угостителските објекти по 20 часа можат да обезбедуваат само услуги за носење. Јавниот превоз и такси-возилата ќе можат да работат со максимум 50 отсто од нивниот капацитет.
Во општините со среден ризик, каде што бројот на заразени е од 75 до 150 жители во текот на една недела, економските оператори, трговските центри, хотелите и угостителските објекти ќе можат да работат од 5 до 18 часот. Угостителството по 20 часа може да обезбеди само услуги за носење. Градскиот превоз и такси-возилата ќе можат да работат со максимум 50 отсто од нивниот капацитет.
Контролата на границите ќе биде ригорозна, додека универзитетското образование целосно ќе се префрли на настава преку Интернет. Училиштата ќе продолжат да работат нормално, но секој поединечно одлучува во зависност од ситуацијата дали да се префрли на онлајн часови. Овие мерки ќе бидат усвоени во текот на денот на онлајн седница на Владата на Косово.
Хоти порача дека кршењето на мерките ќе биде казниво.
„Доколку продавница, ресторан, трговски центар, компанија или институција не ги спроведе овие мерки на Владата и другите мерки предвидени со соодветниот закон за заштита од Ковид-19 или други преземени мерки, само Министерството за здравство целосно ќе ги затвори овие компании најмалку три месеци. Немаме друг избор. Минуваме низ најтешката состојба во последните 20 години. Ситуацијата во која се наоѓаме може да се спореди само со војна“, рече Хоти.
Според Националниот институт за јавно здравје на Косово со население од околу 2 милиони жители, во моментов активно се заразени 8.253 лица. Досега 773 лица починаа од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19.