Burç Eruygur
10 Декември 2024•Ажурирај: 11 Декември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Кремљ денес ја истакна потребата од „длабока анализа“ на случувањата на Блискиот Исток по падот на режимот на Башар ал Асад во Сирија за време на викендот.
„Сега, се разбира, е време за длабока анализа на настаните што се случуваат“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, за новинарите во Москва како одговор на прашањето дали Русија е загрижена за одржувањето на своето влијание во регионот по падот на режимот.
„Тешко е да се предвидат настаните што ќе следуваат по 'периодот на неизвесност'“, рече Песков, истакнувајќи дека Русија го продолжува својот дијалог со земјите од Блискиот Исток, со кои тој тврди дека Москва има заеднички интереси.
„Имаме многу широка соработка, трговска и економска, и другa. И ние имаме намера да ги продолжиме сите овие процеси“, рече понатаму Песков.
Коментирајќи го прашањето каква улога има Москва во бегството на Асад во Русија, Песков изјави дека одлуката на Асад да се повлече е негова лична одлука.
„Сè друго е без коментар“, додаде тој.
Асад и неговото семејство побегнаа во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз главниот град Дамаск рано во неделата, одбележувајќи го колапсот на режимот на партијата Баас, што беше на власт во Сирија од 1963 година.