Ekipa
27 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
АЛЖИР (АА) - Алжир денес прогласи осумдневна жалост по повод смртта на кубанскиот револуционер и поранешен претседател на оваа земја, Фидел Кастро, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Канцеларијата на претседателот на Алжир, објавено преку новинската агенција АПС, наведено е дека претседателот Абдулазиз Бутефлика донел одлука за осумдневна жалост по повод смртта на Фидел Кастро, па таа одлука ќе стапи на сила утре.
Алжирските медиуми во денешните вести го опишаа Кастро „како голем пријател на Алжир”, и дека кубанскиот револуционер бил голема поддршка на оваа земја во отпорот на француската колонија во период од 1954 до 1962 година.
Наведено е исто така дека од стекнувањето независност на Алжир, имало многу близок и цврст однос помеѓу лидерите на двете земји.
Кубанската влада прогласи деветдневна национална жалост поради смртта на поранешниот претседател Фидел Кастро, која ќе трае до 4. декември, кога ќе бидат закопани неговите посмртни останки.