Ekipa
04 Декември 2016•Ажурирај: 05 Декември 2016
САНТИЈАГО (АА) - Урната со пепел на поранешниот кубански претседател Фидел Кастро беше погребана за време на приватна церемонија на гробиштата во Сантијаго, пренесува Anadolu Agency (AA).
Со ова заврши деветдневната жалост која ја прогласија кубанските власти по повод смртта на лидерот кој владееше со земјата речиси половина век.
Воената колона со посмртните останки на Кастро покриени со националното знаме, тргна од Плоштадот на револуцијата во Сантијаго рано утринава, поминувајќи покрај неколку илјади луѓе наредени во редови по должината на улицата со кубански знамиња во рацете, кои извикуваа „Фидел живее засекогаш“, до гробиштата „Санта Ифигенија“.
Кубанската армија истрела 21 плутон додека на влезот од гробиштата се пееше кубанската национална химна, а воената колона на гробиштата пристигнаа 40 минути подоцна.
Погребната церемонија траеше повеќе од еден час, а беше извршена далеку од очите на јавноста, додека кубанските официјални лица ја следеа во живо на националната телевизија.
Одлуката да се одржи погребот во приватност дојде еден ден откако братот на Кастро, Раул Кастро, претседател на Куба, изјави дека ќе биде забрането да се даваат имиња на улици и споменици на поранешниот лидер. Тој исто така забрани изградба на статуи на поранешни лидери и учесници во кубанската револуција, повикувајќи се на желбата на Кастро на овој начин да се избегне изградбата на култ на личноста.
„Лидерот на револуцијата одби било каква манифестација која би наговестила изградба на култ на личноста и остана на тоа во последните часови од својот живот, инсистирајќи кога ќе почине неговото име никогаш да не се користи за именување на институции, улици, паркови или други јавни места, и никогаш да не се подигнуваат споменици и сл.“, рече во говорот во Сантијаго, Раул Кастро.
Тој најави дека на следната седница на кубанскиот Парламент ќе се гласа за закон со кој ќе бидат исполнети последните желби на својот брат Фидел, кој почина во 90 година.
Фидел Кастро се повлече од функцијата во 2016 година.