Ekip
01 Септември 2017•Ажурирај: 02 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Во сите делови на светот, муслиманите утринава ја клањаа молитвата бајрам-намаз и го дочекаа еден од најголемите празници Курбан Бајрам, јавува Anadolu Agency (AA).
Илјадници верници го дочекаа Курбан-бајрам во џамиите во Турција.
И муслиманите во Италија ја клањаа молитвата бајрам-намаз во Рим. Пред молитвата, на различни места беа излепени брошури за недолжните убиени во последниот терористички напад извршен на 17 август во Барселона, но и недолжните аракански муслимани кои се подложени на насилство и тортури од страна на мјанмарската војска.
И џамиите во Шведска и Германија беа исполнети со верници, каде што се клањаше молитвата бајрам-намаз во различни градови. Муслиманите од Стокхолм го дочекаа најголемиот празник во џамијата Фитја.
Илјадници верници ја исполнија и централната џамија во Москва. Поради големиот број верници кои ја клањаа молтвата и на улиците во близина на џамијата, сообраќајот беше запрен.
Голем број верници стигнаа во џамиите и во Узбекистан, како и во Египет, каде што молитвата беше клањана во џамијата Амр бин Ас.
Курбан-бајрам е дочекан и на плоштадот на мачениците во либискиот град Триполи, но и во џамијата Арбин, во сирискиот град Дамаск. Голем број верници присуствуваа на бајрам-намаз во Авганистан, Етиопија и во Тунис..
Бајрамското расположение владее и во Индонезија, но и во Катар, каде што верниците утринава ја исполнија џамијата Имам Мухамед бин Абдулвахап во Доха.
Исто така, и во Пекинг, во џамијата Ниуцие беше клањана молитвата бајрам-намаз од страна на верниците.