Dildar Baykan
01 Септември 2017•Ажурирај: 02 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Најмалку 16 лица загинаа кога потона чамец во којшто се превезуваа аракански муслимани, јавува Anadolu Agency (AA).
Чамецот во којшто се превезуваа лица кои поради нападите бегаа во Бангладеш, потона во реката Наф. Мухамед Маин Удин Хан, официјален претставник на полицијата, потврди дека загинале 16 лица, а утринава се пронајдени 15 тела.
Телата се пронајдени на брегот, а Хан истакна дека четири од нив постои можност да биле застрелани. Уште едно тело е пронајдено на друга локација.
Според последните податоци, досега во реката Наф се удавиле 39 аракански муслимани.