Ekipa
17 Април 2017•Ажурирај: 18 Април 2017
МОСКВА (АА) - Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изрази надеж дека САД нема да преземат еднострана акција против Северна Кореја како што тоа неодамна го направи со Сирија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Лавров го порача тоа, коментирајќи ја денешната изјава на потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој за време на посетата на демилитаризираната зона на границата меѓу Јужна и Северна Кореја го предупреди Пјонгјанг дека периодот на американската стратегија на трпеливо чекање заврши, изразувајќи нетрпеливост поради одбивањето да се покаже подготвеност на Северна Кореја за откажување од нуклеарното оружје и балистичките ракети.
Рускиот министер за надворешни работи изјави дека доколку предупредувањата на Пенс може да се сфатат како закана за преземање еднострана акција против Северна Кореја, тогаш тоа е многу ризичен пат.
„Се надевам дека нема да бидат еднострани акциите како оние кои неодамна ги видовме во Сирија и дека САД нема да ја следат линијата за која претседателот Трамп во повеќе наврати се залагаше за време на изборната кампања“, вели Лавров.
Откако силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад на 10. април извршија напад со хемиско оружје врз Идлиб, при што загинаа над 100 цивили. Со наредба на претседателот на САД, Доналд Трамп, американските сили ја бомбардираа воздухопловната база во Хомс и тоа беше прв и единствен директен напад на американската војска во однос на силите на Асад во Сирија.