Ekip
17 Април 2017•Ажурирај: 18 Април 2017
ВИТЛЕЕМ (АА) - Израелските безбедносни сили се обидоа да ги спречат Палестинците во Витлеем да одржат мирен марш по повод Денот на палестинските заробеници, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинците веќе традиционално 17.април го одбележуваат како Ден на палестинските затвореници за да укажат на нехуманите услови и неправдата која ја доживуваат Палестинците во израелските затвори.
На улиците на Газа и Рамала денес излегоа десетици илјади Палестинци кои бараат ослободување на речиси 7.000 палестинци затвореници во израелските затвори.
По тој повод денес во Витлеем е одржан мирен марш, кој израелските безбедносни сили со интервенција се обидоа да го спречат.
Снимките на АА од Витлеем се најдобар показател дека Западниот брег и целиот Блиски исток и понатаму се средиште на длабоката криза и конфликти.