Emre Gürkan Abay
26 Февруари 2019•Ажурирај: 27 Февруари 2019
МОСКВА (АА) - Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека на глобалната сцена започнал процес на формирање на нов мултиполарен меѓународен поредок, а ги обвини Соединетите Американски Држави дека се вознемирувачки фактор, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на службената посета на Виетнам, Лавров учествуваше на собирот во меѓународниот центар „Валдај“.
Коментирајќи ги случувањата на глобален план, Лавров изјави дека Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) не успева да претстави дел од светот кој го сочинуваат земјите во развој и дека реформата на ова највисоко тело на ОН веќе е задоцнета реакција.
„Веќе се доцни со реформата на Советот за безбедност, бидејќи оваа институција нема капацитети да ги претставува интересите на регионот на Азија, Африка и Латинска Америка кои брзо се развиваат“, изјави Лавров.
Шефот на руската дипломатија, Лавров, изјави дека и Европската Унија претставува важен фактор на меѓународната сцена, но дека на голем број прашања се „повлекува во својот оклоп“.
„Во светот денес на сцена е почеток на формирање на нов мултиполарен меѓународен поредок. Меѓународната правна рамка се дели, а САД се разединуваат. Ние сакаме да правиме чекори кои ќе претставуваат опсежен процес“, изјави Лавров.
Обвинувајќи го Западот дека не сторил доволно во решавањето на мигрантската криза, Лавроз изјави дека Русија не ја бомбардирала и разорила Либија, а дека оние кои го сториле тоа, треба да преземат одговорност и за луѓето кои бегаат од таа разорена земја.