Kasım İleri
30 Мај 2018•Ажурирај: 30 Мај 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Генералниот секретар на воздухопловните сили на Соединетите Американски Држави (САД), Хедер Вилсон, зборуваше на панелот под наслов „Зацврстување на американското сојузништво“ организиран од страна на Атлантскиот совет со седиште во Вашингтон, јавува Anadolu Agency (AA).
На прашањето за опремувањето на Турција со советскиот ракетен систем „S-400“, Вилсон одговори дека по тоа прашање постои оперативна загриженост и за тоа прашање министрите за надворешни работи и одбрана ќе разговараат со Турција.
Вилсон го даде следниот коментар:
„Особено, оперативен проблем претставува стационирањето на новоразвиените воени авиони во Турција од аспект на локацијата. Тие се во сојузот на НАТО и во исто време имаат американски авиони, слични на F-35. Турција е партнер во создавањето на F-35, но ние не сакаме овие авиони да се наоѓаат во близина на ракетниот систем S-400. Продолжуваат средбите со Турција и се надевам дека Турција ќе го реши овој проблем пред да ги преземе овие авиони.“
- „САД се дел од проблемот“ -
На прашањето дали тоа што Турција се опреми со ракетниот систем S-400 претставува проблем за НАТО-сојузништвото, Вилсон одговори:
„Не, не размислувам така. Ваквите проблеми не ги поврзувам директно со НАТО-сојузништвото. Нашите сојузници секогаш заеднички ќе работат со НАТО и посакуваме да набават опрема која нема да претставува закана. Ваква ситуација среќаваме и на други места. Понекогаш и САД се дел од тој проблем. На пример, има некои наши сојузници кои сакаат да се опремат со далечински контролирани беспилотни летала. Поради ограниченото производство, ние не можеме да ги продадеме. Затоа, може да се каже дека ние ги принудуваме нашите сојузници беспилотните летала за разузнавање, набљудување и откривање да ги набавуваат од Кина. Тоа предизвикува проблеми“.
Таа истакна дека по ова прашање, САД како партнер, треба да им бидат од помош, приспособувајќи ги своите извозни ограничувања на потребите во опремувањето на сојузниците.
САД имаат ограничувања според кои не можат да продаваат оружје на Блискиот Исток, со цел да не ѝ се нанесе штета на воената надмоќ на Израел во регионот. Тоа е причина поради која голем број арапски земји беспилотните летала ги набавуват од Кина.
Набавката на ракетните системи S-400 покажува дека САД не сакаат да ѝ го продадат ракетниот систем „Патриот“.