свет

Либан: Во израелските напади убиени уште 59 луѓе, билансот надмина 3.400

Најмалку 182 лица се ранети во нападите во текот на изминатиот ден, со што вкупниот број на повредени од октомври 2023 година достигна 14.599

Ahmed Asmar  | 16.11.2024 - Обновена : 16.11.2024
Либан: Во израелските напади убиени уште 59 луѓе, билансот надмина 3.400

АНКАРА (АА) - Најмалку уште 59 лица се убиени денес во израелските напади низ Либан, со што билансот од октомври минатата година достигна 3.445, соопшти либанското Министерство за здравство, јавува Анадолу.

Министерството додаде дека 182 лица се ранети во текот на изминатиот ден, со што вкупниот број на повредени од октомври 2023 година достигна 14.599.

Израел ја продолжи својата воздушна воена кампања во Либан од крајот на септември против, како што тврди, позиции на Хезболах, што претставува ескалација на едногодишните прекугранични судири помеѓу Израел и Хезболах од почетокот на војната во Газа.

Израелските напади во Либан принудија повеќе од 1 милион луѓе да ги напуштат своите домови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın