Muhammed Ali Akman
05 Август 2017•Ажурирај: 06 Август 2017
БЕЈРУТ (АА) - Силите на либанската армија утринава извршија ракетен и воздушен напад врз позициите на терористичката организација ДЕАШ на сириската граница, јавува Anadolu Agency (AA).
Од либанската војска потврдија дека нивните сили, стационирани на подрачјето Рас Балбек во источниот дел на земјата, извршиле ракетен и воздушен напад врз позициите на ДЕАШ, кои се наоѓаат во планинското подрачје.
Истакнаа дека позициите на терористичката организација се прецизно гаѓани. Потсетија и дека авионот на либанските воздушни сили синоќа ги гаѓал позициите на ДЕАШ на тоа подррачје.
Нападите, како што нагласија, ќе бидат продолжени и во наредните денови.
Очевидците наведуваат дека либанската војска го зајакнува своето присуство на подрачјето на местата Ел-Ка и Рас Балбек.