Ekip?
05 Август 2017•Ажурирај: 06 Август 2017
МОГАДИШУ (АА) - Гувернерот на централниот сомалиски регион Галгадуд и неговиот брат се убиени синоќа во Могадишу во округот Јакшид, тврдат сведоци и милитантската група Ал-Шабаб.
„Гувернерот Мухамед Али Елми и неговиот брат Хасан Нур биле во посета на роднитите кога вооружени напаѓачи пукале во нив”, изјави сведокот Мухамед Али за Anadolu Agency (AA).
Ал-Шабаб го потврди нападот во соопштение кое го објави интернет страницата поврзана со милитантната група.
Регионалните државни претставници остро го критикуваа убиството.