Furkan Güldemir
22 Декември 2017•Ажурирај: 23 Декември 2017
БЕЈРУТ (AA) - Либанскиот премиер Саад Харири пружи поддршка на двомесечното бебе Карим, кое стана симбол на отпорот на цивилите кои се веќе пет години под опсада на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, јавува Anadolu Agency (AA).
Харири се огласи преку социјалната мрежа Твитер, на која објави своја фотографија со покриено едно око. Со фотографијата напиша „Солидарност со Карим" (SolidarityWithKarim). За многу кратко време голем број корисници на оваа социјална мрежа ја споделија оваа фотографија на Харири.
Карим месец дена по раѓањето во артилериски напад остана без неговата мајка и левото око. Корисниците на социјалните мрежи, посебно на Твитеер, пред два дена покренаа кампања за завршување на опсасада та постојани воздушни и артилериски напади на цивилите во Источна Гута, а тоа го рпават со праќање пораки на поддршка за бебето Карим.
Нејчесто споделуваната видео-снимка и фотографии од Карим се оние кои ги снимаа репортерите на АА кои пред два дена објавија репортажа за случајот на Карим.
За малиот Карим се грижат неговиот татко и две сестри, исто така деца, а таткото Абу Мухамед истакнува дека се потешко наоѓа храна за своите деца.
Околу 400 илјади цивили во Источна Гута веќе пет години преживува под опсада на силите на режимот на Асад.
Регионот го контролираат опозициски сили, а станува збор за една од четири зони на деескалација за кои во Астана со посредство на Турција, Русија и Иран е договорено примирје.