Mohamed Sabry Emam Muhammed
24 Ноември 2019•Ажурирај: 25 Ноември 2019
БЕЈРУТ
Голем број Либанци демонстрираа пред Американската амбасада во Бејрут против американското мешање во државните работи на Либан, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Смрт за Америка“ и „Бејрут е слободен“ беа некои од слоганите кои ги извикуваа демонстрантите за време на протестот.
Демонстрантите палеа слики од поранешниот американски амбасадор Џефри Фелтман, покрај американските и израелските знамиња.
Во вторникот, при обраќањето пред Домот на поткомитетот за Блискиот Исток, Северна Африка и за меѓународниот тероризам, Фелтман рече дека тековниот протест и „реакциите кон нив од страна на лидерите и институциите во Либан, за среќа се совпаѓаат со американските интереси“.
Либан од минатиот месец е зафатен со масовни протести против плановите за зголемување на даноците, кои брзо се интензивираа.
На 29 октомври премиерот Саад Харири поднесе оставка, без одреден напредок во постигнувањето на договор за нова влада.