Çağrı Koşak
14 Април 2021•Ажурирај: 14 Април 2021
ТРИПОЛИ (АА) - Либиската Армија соопшти дека два авиона кои дошле од Египет и кои слетале во подрачјето на Себха носеле оружје, јавува Агенција Анадолија (АА).
Генерал Абдулхади Дирах, портпаролот на Одделот за операции во Сирт и Џуфра на либиската Армија, во изјавата за АА рече дека авионите што слетале на меѓународниот аеродром „Себха“, во југозападниот дел на земјата, носеле оружје.
Наведувајќи дека имало оружје и муниција скриени под лековите во двата авиона кои дошле од Египет, Дирах рече: „Во двата авиони имаше некакви лекови, но најголемиот дел од товарот беше оружје и муниција.“
Либиското Министерство за здравство на својата Фејсбук страница вчера објави дека две пратки од лекови и медицински материјали испратени од Египет пристигнале на меѓународниот аеродром „Себха“.
Телевизијата „Ел-Хадес“, позната по својата блискост со генералот пучист Калифа Хафтар информираше дека Хафтар и египетскиот претседател Абдулфетах ал Сиси се договориле за доставување на медицински материјали во Себха.
Либија, која долго време се бореше со нестабилност, беше вовлечена во насилство кога пучистoт Калифа Хафтар им нареди на своите милиции да го нападнат главниот град Триполи во април 2019 година.