Mohamad Misto,Adham Kako
29 Мај 2020•Ажурирај: 30 Мај 2020
АНКАРА
Русија во Либија испрати 150 платеници кои престојуваат во Дамаск под контрола на режимот на Асад во Либија за да пружат поддршка на водачот на нелегитимните сили на источниот дел на земјата, Калифа Хафтар, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалните извори тврдат дека Русија, која во Сирија го поддржува режимот на Асад, продолжува да ги јакне редовите на милитантите на Хафтар со помош на платениците од Сирија.
Русија, постигнувајќи договор со посредство на соработниците на режимот во местата Закије и Кисве во Дамаск, во Либија испрати 150 војници на кои месечно ќе им плаќа од 1.000 до 1.500 американски долари.
Русија во претходните денови од различни делови на Сирија испрати стотици платеници во Либија.
Таканаречената Национална војска на Либија на Хафтар ја поддржуваат и припадниците на суданската група платеници „Џанџавид“, како и голем број други платеници како припадниците на бунтовничките групи од Чад и платениците на руската група „Вагнер“.