Halime Afra Aksoy
07 Јуни 2021•Ажурирај: 08 Јуни 2021
ТРИПОЛИ (АА) - Либиската Влада одлучи да го потпише историскиот договор од Париз за климатски промени, изјави премиерот Абдул Хамид Дбеибе, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Либија е една од неколкуте земји кои не го потпишаа Парискиот климатски договор, и Владата на национално единство денес одлучи да го потпише со гордост и одговорност“, државната телевизија ја пренесе изјавата на премиерот Дбеибе на церемонијата по повод Светскиот ден на животната средина.
„Договорот ќе биде испратен до Парламентот за одобрување“, додаде тој.
Дбеибе истакна дека Либија е меѓу земјите најмногу погодени од негативните ефекти на климатските промени поради климата и географската положба.
Парискиот договор се смета за историски документ во глобалните обиди за справување со климатските промени и правно обврзувачки договор.
Договорот стапи на сила во 2016 година и е усвоен од над 190 земји, а земјите потписнички со него се обврзаа дека глобалното затоплување ќе го ограничат на значително помало ниво од 2 степени Целзиусови.