Aydoğan Kalabalık
06 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
ТРИПОЛИ
Либиската војска во потполност ја опколи воздушната база „Ватија“, југозападно од главниот либиски град Триполи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мустафа ел Мејеи, портпаролот на операцијата „Вулканот на бес“, која ја води Владата на национално единство, изјави дека либиската војска ја опколила базата од четири страни.
Акцијата на преземање на контрола над базата, која ја држат нелегитимните сили од источниот дел на Либија предводени Калифа Хафтар е покрената во утринските часови.
Мејеи изјави дека е постигнат голем напредок и операцијата продолжува според планираното.
Тој изјави дека во операцијата загинале и неколку војници. Мејеи најави дека базата и понатаму е надвор од функција и дека не ја користат силите на Хафтар.
Либиската војска на 25 март изврши уште една операција со цел враќање на контролата над базата, притоа преземајќи ја контролата над неа, но потоа беше принудена да се повлече.
Воздушната база Ал Ватја е клучна база во Либија која милитантите на Хафтар ја окупираа во 2014 година. Токму таа база Хафтар ја користи како седиште од кое раководи со нападите врз Триполи и другите либиски региони.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза уште од 2011 година, кога од власт беше соборен и убиен Муамер ал Гадафи. Владата на национално единство на Либија со седиште во Триполи има поддршка од ОН и меѓународната заедница, додека генерал Калифа Хафтар од Тобрук ги предводи нелегитимните сили кои претежно се поддржани од Египет и Обединетите Арапски Емирати.