Çağrı Koşak
02 Декември 2020•Ажурирај: 02 Декември 2020
ТРИПОЛИ (АА) - На вториот ден од 4. круг на Форумот за политички дијалог во Либија, предводен од Обединетите нации (ОН), се дискутира за раководството што ќе го води процесот на транзиција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Учесник на Форумот, кој сакаше да остане анонимен, за AA истакна дека денеска е разговарано за четири од осумте предлози за утврдување на Претседателскиот совет и премиерот.
Се наведува дека предлозите се фокусираат на различни методи за избор на премиер, претседател на Советот и неговите заменици.
- Форум за политички дијалог во Либија -
Првиот состанок предводен од ОН кој се одржа во Тунис во периодот 9 - 15 ноември, беше одложен без заклучок поради недостиг на консензус за имињата кои ќе управуваат со процесот на транзиција.
На Форумот беше договорено изборите за Либија да се одржат на 24 декември 2021 година и за овластувањата и должностите на Владата, која е извршна власт.
На состаноците на Форумот за политички дијалог во Либија присуствуваат 75 лица избрани од ОН како претставници на различни делови на земјата.
На состанокот, покрај претставниците од либиската Влада, учествуваат и луѓе од Претставничкиот дом на Тобрук, сојузници на водачот на нелегитимните вооружени сили, Калифа Хафтар.