Hamdi Yıldız
09 Јуни 2020•Ажурирај: 10 Јуни 2020
ТРИПОЛИ (АА) - Објавени се снимки како офицерите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ја обучуваат милицијата на Калифа Хафтар да го употребува рускиот систем за противвоздушна одбрана „Панцир“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На снимките што се објавени на профилот на социјалните мрежи од медиумскиот центар на операцијата „Вулкан на гневот“ на либиската Армија се гледаат воени елементи на Обединетите Арапски Емирати задолжени за управување со вооружените беспилотни летала и системите за воздушна одбрана.
Од профил на социјалните мрежи поврзан со либиската Армијата претходно беше објавено сведоштво на пилотот Амир ел Џукм од Обединетите Арапски Емирати, кој беше заробен во декември 2019 година.
Во исказите на пилотот беше наведено дека вооружените беспилотни летала со кои се напаѓаат цивилните населби во Триполи се управувани од офицери на Обединетите Арапски Емирати.
Либиската Армија во саботата соопшти дека започнала нова операција наречена „Патот на победата“ за освојување на крајбрежниот град Сирт, воздухопловната база „Џуфра“ и околните области од милицијата на Калифа Хафтар, водачот на илегалните вооружени сили на истокот од земјата.