Mehmet Nuri Uçar
19 Март 2021•Ажурирај: 20 Март 2021
ТРИПОЛИ (АА) – Пронајдени се 11 неидентификувани тела во градот Бенгази кој е под контрола на Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните вооружени сили на истокот на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информации од безбедносни извори, телата со врзани раце биле пронајдени во близина на фабрика за цемент во областа Ал Хавари во Бенгази.
Изворите наведуваат дека се откриени траги од тортура и куршуми на главите и градите на телата и дека можеби поминале 10 дена откако биле убиени. Идентитетот на телата сѐ уште не е утврден.
Според организациите за човекови права, Бенгази често е сцена на нарушување на безбедноста од страна на елементите на Хафтар.
Племенските водачи кои го поддржуваа Хафтар во Либија, во изјавата на 15 март повикаа на отстранување на милициите на Хафтар од Бенгази.