Gülşen Topçu
19 Јули 2018•Ажурирај: 19 Јули 2018
ТРИПОЛИ (АА) - На отворени води кај либискиот град Ел-Хумс кој се наоѓа источно од главниот град Триполи, спасени се 156 мигранти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Поморските сили при Владата за национално единство на Либија се наведува дека на отворени води кај храдот Хумс спасени се 156 мигранти, од кои 10 деца и 24 жени.
Според ова соопштение, по дадената потребна помош од храна и здравствена помош, мигрантите со потекло од различни африкански земји биле пренесени во Центарот за засолнување во Хумс.
Инаку, и вчера на отворени води кај либискиот град Караболи беа спасени 165 мигранти, од кои 34 жени и 12 деца.