Gülşen Topçu
07 Мај 2021•Ажурирај: 09 Мај 2021
ТРИПОЛИ
Владата на национално единство на Либија соопшти дека формирала фонд за обнова на градовите уништени за време на војната во изминатите неколку години, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека во фондот во моментов се инкасирани 1,5 милијарди либиски динари (335 милиони долари), и дека тие средства се наменети за обнова на пристанишните градови Бенгази и Дерна.
Обновата опфаќа проекти за реконструкција на станбени згради и на инфраструктурата во градовите.
„Фондот исто така ќе ја преземе задачата за утврдување на приоритети, воспоставување механизам за исплата на надомест, отстранување на урнатините и работи на одржување, како и координација со локалните власти за урбан развој на уништените подрачја“, се наведува во соопштението.
Премиерот на Либија, Абдул Хамид Дбеибе, на крајот на април најави формирање фонд за обнова на либиските градови разорени од војната.