Seyfeddin et-Trablusi,Said İbicioğlu
01 Јули 2016•Ажурирај: 02 Јули 2016
ТРИПОЛИ (АА) - Најмалку четири министри во либиската Влада на национално единство (ГНА) поднесоа оставка, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението е наведено дека четворицата министри поднеле оставка, но не се наведени причините за отстапување на министрите од функција. Оставки поднесоа министерот за правда Џума Абдулах Ед Дерси, министерот за финансии Фахир Мифтах Абу Феме, министерот за економија и индустрија Абдулматлум Ахмед Буфере, и министерот за локално помирување Абдулџевад Фарак Ал Убејди.
Либија е средиште на длабока политичка и безбедносна криза од 2011 година и убиството на Муамер Гадафи и соборувањето на неговиот режим. Оттогаш се на власт паралелните влади со седишта во Триполи и Тобрук, имаат одвоени парламенти и вооружени сили.
Кон крајот на минатата година претставниците на двете влади од Либија под покровителство на Обединетите нации потпишаа договор за формирање на владата на националното единство со цел надминување на кризата. Планот на таа влада е да преземат власт во земјата и во рок од 12 месеци распише парламентарни избори.