Murat Temizer
28 Април 2023•Ажурирај: 30 Април 2023
ВАРШАВА (АА) - Литванскиот претседател Гитанас Наузеда даде храбра изјава нагласувајќи го приоритетот на неговата земја НАТО-силите постојано да бидат стационирани на нејзина територија, пренесува Анадолу.
Наузеда ги даде изјавите за време на посетата на Берлин, Германија, се вели од литванското претседателство, кои доаѓаат во време на зголемени тензии во регионот поради руско-украинската војна.
Литванскиот претседател рече дека НАТО е од клучно значење за безбедноста на земјите членки и дека присуството на сојузничките сили на литванска територија дополнително ќе ја зајакне безбедноста на земјата.
Тој рече дека неговата Влада е посветена на создавање поволни услови за распоредување на германска бригада во 2026 година, што значително ќе ги зголеми одбранбените способности на Литванија.
Претседателот Наузеда, исто така, го стави фокусот на клучната важност на регионалната противвоздушна одбрана и на Балтичкото Море, нагласувајќи ја потребата од осигурување на безбедноста на виталните области.