Ömer Aydın
14 Јануари 2018•Ажурирај: 15 Јануари 2018
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател, Емануел Макрон, за време на телефонскиот разговор со премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, упати апел до израелскиот премиер за почитување на нуклеарниот договор потпишан со Иран, и ги повика сите страни да ги почитуваат рамките на договорот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Елисејската палата, Макрон и Нетанјаху реализирале телефонски разговор, при што Макрон укажал на важноста на нуклеарниот договор постигнат во 2015 година со Иран, и упатил апел до сите страни за почитување на ветувањата дадени во рамките на договорот.
Се вели дека двајцата лидери се осврнале на регионалните активности на Иран и на балистичкиот договор.
Макрон и Нетанјаху исто така разговарале околу мировниот процес помеѓу Палестина и Израел.
Францускиот претседател пред извесно време реализираше телефонски разговор со американскиот претседател, Доналд Трамп, во кој Макрон исто така упати апел за почитување на нуклеарниот договор постигнат со Иран.