Kaamil Ahmed
25 Мај 2016•Ажурирај: 26 Мај 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер Бенјамин Нетанјаху, денес потпиша договор со екстремно десничарскиот политичар Авигдор Либерман во чии рамки, претседателот на партијата „Израел наш дом” ќе биде именуван за нов министер за одбрана, јавува Anadolu Agency (AA).
Договорот е постигнат по состанокот кога Нетанјаху го прифати клучното барање на Либерман за финансирање на пензии за Израелците кои емигрирале од поранешниот Советски сојуз, пренесува Израелското радио.
Заедно со Либерман во израелската Влада ќе влезе и Софа Ландвер која ќе биде назначена за министерка за миграции. Двајцата официјални претставници ќе положат заклетва во понеделник.
Договорот ја зајакна кревката коалициска влада на Нетанјаху, кој претходно се потпираше на мнозинство со едно место, откако Кнесетот повторно ја отвори својата летна сесија оваа недела.
Според Израелското радио, Нетанјаху и Министерот за финансии, Моше Јалон, се согласија да додадат 1,4 милијарди шекели (360 милиони долари) во пензискиот фонд, што претставува половина од износот првично побаран од страна на Либерман.
Претходниот Министер за одбрана, Моше Јалон, минатиот петок поднесе оставка до Владата и отстапи од Кнесетот поради изјавите дека неговата работа била понудена на Либерман. Јалон, исто така, изјави дека Владата на Нетанјаху е преплавена со екстремисти.