Adem Şalvarcıoğlu
19 Септември 2018•Ажурирај: 20 Септември 2018
АНКАРА (АА) - Последните два дена во Малезија животот го загубија 19 лица поради труење со илегално произведен алкохол, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите што ги објавија локалните медиуми, во главниот град Куала Лумпур, поради консумирање алкохол од три различни бренда, купени во различни продавници, животот го загубиле 19 лица.
Утврдено е дека консумираниот алкохол бил фалсификат. Во болница се префрлени 51 лице, а 14 од нив се наоѓаат во тешка здравствена состојба. Постои загриженост од зголемување на бројот на починати.
По смртните случаи, во некои продавници полицијата конфискувала алкохолни пијалаци од различни брендови.