Ömer Faruk Yıldız
20 Мај 2019•Ажурирај: 21 Мај 2019
КУАЛА ЛУМПУР (АА) – ОМЕР ФАРУК ЈИЛДИЗ –
Колективните ифтарски софри во текот на Рамазан на плоштадот во Куала Лумпур, главниот град на Малезија, ја оживуваат атмосферата на светиот месец во градот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Илјадници малезиски муслимани го завршуваат постот на големата зелена површина на Плоштадот на независноста. Малезија ја прогласи својата независност во 1957 година.
Колективната ифтарска активност што се организира секој Рамазан под името „ftar@KL“, на којашто присуствуваат десетици илјади луѓе, и овој Рамазан поминува во една пријатна атмосфера.

На рамазанските тезги наредени по должината на улицата „Јалан Раџа“ на плоштадот, покрај малајски јадења, се продаваат и деликатеси од индиската, тајландската и кинеската кујна. Луѓето на плоштадот доаѓаат еден час пред почетокот на ифтар, купуваат јадење од тезгите и седнуваат на зеленилото.
- Немуслиманското население, исто така, покажува голем интерес -
На рамазанскиот пазар покрај јадење се продава и облека.
На колективните ифтари на Плоштадот на независноста во Куала Лумпур, каде што најдобро се доживува духот на Рамазан, покрај жителите од околината доаѓаат и многу луѓе надвор од градот.

Покрај муслиманите, за колективните ифтари голем интерес покажува и немуслиманското население. Еден дел од немуслиманското население го сочинуваат граѓаните на Малезија, а другиот дел пак, туристите. Тие, седнувајќи на иста софра со муслиманите, уживаат во јадењата.
Муслиманите седнуваат на зелените површина на неколку минути пред ифтар. Откако ќе го слушнат езанот за акшам намаз, почнуваат со јадење.
- За овој Рамазан се очекува да дојдат 90.000 посетители -
По јадењето, акшам намазот се клања заеднички на истиот плоштад.
На минатогодишниот Рамазан, на Плоштадот на независноста присуствуваа 79.000 лица. Оваа година се очекува да пристигнат 90.000 лица.
Активностите „Iftar@KL“ започнати во 2012 година од Националниот оддел за култура и уметност на Малезија и Општината Куала Лумпур, од граѓаните на Куала Лумпур се признати како важна рамазанска традиција.