Ekipa
10 Април 2017•Ажурирај: 11 Април 2017
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - На аеродром во Куала Лумпур, малезиските власти запленија 18 рога од носорог увезени од Мозамбик, чија вредност се проценува на повеќе од три милиони американски долари, јавува Anadolu Agency (AA).
Директорот на малезиската царинска служба, Хамза Сунданг, изјави дека 18 рога преку Доха стигнале во Куала Лумпур. Полициските официјални претставници дејствуваа откако во петокот добија дојава, и во дрвена кутија ги пронајдоа роговите од носорог на карго терминалот на меѓународниот аеродром.
Како што изјави тој, роговите тешки 51,4 килограми и вредни 3,1 милиони долари се пријавени како уметнички дела со фалсификувана сметка и со лажна конечна дестинација.
Сѐ уште никој не е уапсен во врска со настанот, а властите започнаа истрага за криумчарење на забранета стока.
Се верува дека рогот од носорог има лековити својства и за него има голема побарувачка, особено во Азија.