Gökhan Kavak,Ahmet Emin Dönmez
25 Мај 2021•Ажурирај: 25 Мај 2021
ИСТАНБУЛ
Војската во Мали од слобода лиши многу високопозицонирани функционери, меѓу кои се претседателот на Транзицискиот совет, Бах Ндав, и премиерот Моктар Уан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Локалните медиуми известија дека меѓу приведените лица се наоѓа и министерот за одбрана, Сулејман Дукур, и дека спомнатите лица се однесени во Воената база во Кати.
Од друга страна, Амбасадата на Турција во Бамако на социјалната мрежа Твитер ги повика турските државјани во Мали да не излегуваат на улиците доколку тоа не е неопходно и да бидат внимателни.
Во Мали на 18 јуни 2020 година е изведен пуч, заробен е претседателот Ибрахим Букар Кеита, а оформена е нова влада во рамките на Транзицискиот совет.