Претседавачот на Генералното собрание на ОН, Бозкир, ќе ги посети Бангладеш и Пакистан
Бозкир во Дака, Бангладеш, ќе се состане со премиерката на таа земја, Шејк Хасина, и со министерот за надворешни работи, А.К. Абдул Момен. Планирано е да го посети и Кокс Базар, каде што се сместени бегалците од Аракан.Betül Yürük
25 Мај 2021•Ажурирај: 26 Мај 2021
ЊУЈОРК
Претседавачот на Генералното собрание на ОН, Волкан Бозкир, од 25 до 27 мај ќе престојува во посета на Бангладеш и Пакистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бозкир во Дака, Бангладеш, ќе се состане со премиерката на таа земја, Шејк Хасина, и со министерот за надворешни работи, А.К. Абдул Момен. Планирано е да го посети и Кокс Базар, каде што се сместени бегалците од Аракан.
Бозкир по посетата на Бангладеш ќе го посети и Пакистан.