Erbil Başay
16 Јануари 2020•Ажурирај: 17 Јануари 2020
БЕРЛИН (AA) – Шефот на германската дипломатија Хеико Мас соопшти дека лидерот на нелегитимните сили од истокот на Либија, Калифа Хафтар вети дека ќе го почитува примирјето, јавува Агенција Анадолија (АА).
Мас во Бенгази се состана со Хафтар, а по состанокот на Твитер соопшти дека Хафтар изрази подготвеност да ја поддржи конференцијата која во недела ќе се одржи во Берлин и најави учество на тој меѓународен собир.
„Хафтар вети дека ќе го почитува постоечкото примирје", порача Мас.
Со иницијатива на Турција и Русија во Либија примирјето е прогласено на 12 јануари, а преговорите во Москва не резултираа со потпишување на мировниот договор бидејќи Хафтар преговорите ги напушти без потпис.
Во Берлин на 19 јануари ќе биде одржана меѓународна конференција на која учесниците ќе бараат решение за кризата во Либија.