Amina Zorniç
17 Март 2016•Ажурирај: 17 Март 2016
ОСЛО (АА) - Масовниот убиец и екстремниот десничар, Норвежанецот Андерс Брејвик, ја обвини Норвешка дека „сака да го убие” и вети дека за нацизмот ќе се „бори до смрт”, јавува Anadolu Agency (АА).
Брејвик на почетокот од оваа недела се појави на сослушување во рамките на судската постапка во која ја тужи владата за наводни кршења на човековите права.
По отстранување на лисиците ја поздрави судницата со нацистички поздрав со крената и испружена десна рака.
„За националниот социјализам се борев 25 години и ќе се борам за него се до неговата смрт”, рече Брејвик.
Иако судењето беше отворено за јавноста, норвешките власти го забранија емитувањето на рочиштата на телевизија за да се спречи Брејвик во евентуалното испраќање „пораки” на своите поддржувачи и поради почит кон семејствата на жртвите.
Брејвик на 22-ри јули 2011 година во крвав напад во Осло, уби 77 луѓе. По десет месеци судење за двоен напад, кој го трауматизираше норвешкиот народ и го шокираше светот, беше осуден на 21 година затвор, максималната казна во Норвешка, која може да се продолжи.