Nancy Caouette
05 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
МЕКСИКО СИТИ (АА) - Родителите на 43 исчезнати студенти, исчезнати во Мексико пред повеќе од една година, денес протестираа пред зградата на државниот обвинител апелирајќи до Обвинителството да ја сведе кон крајот „мистериозната” истрага која ја водат со месеци, која досега не дала никакви резултати, јавува Anadolu Agency (AA).
Исчезнатите студенти во септември 2014 година се собраа на протест во главниот град на Мексико, Мексико Сити, каде што се судрија со полицијата, од кога им се „губи секаква трага”
Првата истрага го застапуваше тврдењето дека полицијата, по протестот, ги предала студентите на злоглсана криминална група која „владее” со сојузната држава Гуерера. Подоцна, припадниците на групата кажаа дека телата на студентите ги запалиле и ги оставиле во гробница која никогаш не е пронајдена.
Родителите, роднините и семејствата на студентите кои немаат доверба во полицијата, веќе со месеци повикуваат на пронаоѓање на вистината за исчезнатите.
Во текот на истрагата уапсен е и поранешниот градоначалник на мексиканскиот град Игуала и неговата сопруга, под обвинение за киднапирање и соработка со криминални картели.
Покрај критиките на Мексиканците, бројни светски организации за заштита на човековите права ја повикаа Владата на Мексико да ги истражи наводите за поврзаност на функционери со нарко-бандите.