Zehra Ulucak
29 Февруари 2016•Ажурирај: 01 Март 2016
МЕКСИКО (АА) - Во акција на мексиканската полиција во озлогласениот кварт Истапалапа, спасени се 87 жени кои биле принудени на проституција во четири ноќни клубови, јавува Anadolu Agency (AA).
Мексиканското обвинителство соопшти дека полициската акција во четири барови во главниот град на Мексико е извршена врз основа на жалбите на жителите од најгусто населениот кварт Истапалапа.
Во акцијата се спасени вкупно 87 жени, од кои три се малолетнички, кои биле жртви на трговија со луѓе и биле принудени на проституција.
Уапсени се и осум лица кои се осомничени дека ги држеле во заробеништво спасените девојки и дека ги искористувале во нелегалните ноќни клубови.
Истапалапа е најгусто населена и една од најсиромашните населби во главниот град на Мексико, со високо ниво на криминал.